Еден од 10 вработени во ЕУ во ризик од сиромаштија

Секој 10-ти вработен во Европската унија (ЕУ) постар од 18 години, во 2018-та година, бил изложен на ризик од сиромаштија, покажуваат податоците на европската статистика.

Во последните години, процентот на вработени во ризик од сиромаштија е во пораст. Во 2008-ма година бил на ниво од 8,6%, а во 2018-та 9,5%.

Овој ризик не прави некоја голема разлика меѓу мажите и жените. Па така, во 2018-та година, 9,9% од вработените мажи биле во ризик од сиромаштија, додека кај жени е 9,1%.

Стапката на ризик од сиромаштија на лицата кои се вработени е различна кај земјите членки највисока е во Романија (15,3%). Потоа следуваат: Луксембург (13,5%), Шпанија (12,9%), Италија (12,2%), Велика Британија (11,3%) и Грција )11%), додека најниската стапка е забележана во: Финска (3,1%), Чешка (3,4%), Ирска (4,9%), Белгија и Хрватска (по 5,2%) и Данска (5,4%).

Фото: Pixabay