Поевтини горива од полноќ

244

Цените на горивата се намалуваат од еден до два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според тоа, дизелот Еуродизел (Д-Е V) поевтинува за два денари и ќе чини 58 денари.

Цените на бензинот Еуросупер БС – 95 и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар и ќе чинат 66 денари за бензинот и 47,50 денари за литар за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Бензинот Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена пониска за еден денар и ќе чини 68,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,473 денари за килограм и ќе се продава за 34,922 денари.

Фото: Pixabay