Ikea затвора гигантска продавница

132

Компанијата наведува дека ќе одржи консултации со 352 вработени и ќе се обиде да им најде работа во други продавници.

Ikea којашто во Велика Британија има 22 продавници, истакнува дека останува посветена во ширење на бизнисот во таа земја. Во соопштението се наведува дека продажниот центар во Ковентри, којшто чинеше 35 милиони фунти е изграден во центарот на градот како еден од најрани примери за тестирање на нов формат, со желба да им излезе во пресрет на потребите на купувачите.

Со оглед на локацијата и големината на расположливото земјиште, продавницата е изградена на седум ката, што значително влијаеше на оперативните трошоци, стои во соопштението.

Се наведува дека освен големите трошоци, на лошото работење влијаела и промената на однесувањето на купувачите кои сега повеќе сакаат да купуваат во шопинг центри или онлајн.

Фото:Pexels