Кога телевизијата отстапува од реалноста

157

Во телевизиските серии професиите со кои се занимаваат некои од главните ликови се многу поедноставени и не опфаќаат многу сегменти кои во реалноста се важни. На телевизија сè изгледа полесно. Ако се прашувате како колумнистката Кери Бредшо успева да си дозволи луксузен живот во серијата Сексот и градот, не сте единствени. Еве во кои случаи телевизијата отстапува од реалноста:

Форензичар – Истрага на местото на злосторството

Во популарната криминалистичка драмска серија Истрага на местото на злосторството, се истражуваат местата на злосторот и решавање на убиства. Но, според Дерил Клеменс, истражител на местото на злосторот кој работи во форензичка единица во Мичиген, најнереалистичен сегмент на оваа серија е тоа што истражителите оставаат сè што работат за да се занимаваат со еден случај. Неговите колеги означуваат докази, испитуваат отисоци и прават дигитални фотографии на осомничените. За разлика од ликовите во серијата неговиот тим не спроведува испитувања на осомничени, бидејќи тоа е работа на детективи.

Главен готвач – Пријатели

Моника Гелер од серијата Пријатели, работи како шеф во два ресторана од четврта до деветта сезона. Алистар Макмари, кој е шеф во ресторан, вели дека вистинските готвачи работат повеќе часа отколку Моника. Во нејзини обврски би спаѓало и подготовка на кујната за престојниот ден и рекапитулација на крајот од денот. Дури и во слободните денови таа најверојатно би морала да оди на пробување на храна и на состаноци за унапредување на рецепти.

Архитект – Како ја запознав мајка ви

Тед Мозби во серијата Како ја запознав мајка ви, глуми архитект од Њујорк кој е опседнат со пронаоѓање на сродна душа. Карл Серџио, архитект од Чикаго вели дека серијата не е реалистична кога е во прашање кариерата на Тед. Во текот на една работна недела, според него, архитектите одат на многу состаноци со колеги и клиенти, постојано телефонираат за да обезбедат дозвола за градење, да ја испитаат состојбата на земјиштето и други фактори. Малку веројатно е некој како Тед во доцни 20-ти да има лиценца, бидејќи многу архитекти во тие години уште студираат.

Колумнистка – Сексот и градот

Во култната серија Сексот и градот, Кери Бредшо е колумнистка која пишува колумни за весници во Њујорк. Кери има гардеробер полн со скапи парчиња облека и чевли. Просечната плата за писатели во 2018 година била 62.179 долари, што е 29,89 долари на час, а колумнистите обично не се постојано вработени и најчесто ги плаќаат хонорарно, па се принудени да работат и нешто друго, што не е случај со Кери. Дури и да зема цела плата таа би морала да издвојува пола плата за да живее на Менхетен, каде изнајмувањето на месец чини околу 2.500 долари.

Стажант на хирургија – Вовед во анатомија

Мередит Греј е главен лик во Вовед во анатомија, а на почетокот од серијата таа е стажант по хирургија, за подоцна да стане шеф по општа хирургија. Сепак, серијата не ги претставува добро стажантите, бидејќи на нив не им е дозволено да изведуваат сложени процедури како операција на мозок. Стажантите најчесто се грижат за пациентите надвор од операционите сали, а кога се внатре асистираат и извршуваат рутински работи.

Фото: Facebook