Foxconn ќе произведува хируршки маски

237

Компанијата Foxconn, што се занимава со производство на мобилните уреди на Apple, започнува со производство на хируршки маски, што не е дел од нејзината дејност.

Компанијата, исто така, како што пишува BBC, планира да го продолжи редовното производство во Кина, што беше запрено поради емидемијата на корона вирусот.

Поради зголемената побарувачка за маски, на пазарот има недостиг од овие медицински додатоци, што медицинскиот персонал и луѓето ги користат како заштита.

Целта на Foxconn е производство на два милиона маски дневно до крајот на овој месец.

“Во оваа војна против епидемијата, важна е секоја секунда. Колку порано преземеме мерки за безбедност, толку ќе помогнеме да се спречи ширење на вирусот, а со тоа и да спасиме повеќе човечки животи“, велат од компанијата.

Foxconn е најголем светски производител на електроника и се занимава со производство на делови за iPhone, iPad, Kindle, PlayStation.

Пробното производство на маски веќе започна во фабриката во јужниот дел на Кина.

Фото: Facebook