Бензинот Еуросупер БС – 95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, додека цената на бензинот Еуросупер БС – 98 се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Па така, новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 65,50 денари за еден литар, а Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 67,50 денари. Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 57,50 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 1,50 денари и новата цена ќе му биде 46 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,028 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,894 ден/кг.
Фото: Pixabay