Почетна Бизнис едукација Како да... Што зборуваат за вас после 17 часот?

Што зборуваат за вас после 17 часот?

245

Една од најголемите грижи што ги мачи компаниите на глобално ниво е потребата од привлекување квалитетен кадар што ќе обезбеди напредок и профитабилност за наредните години.

Што е брендирање на работодавач?

Брендирањето на работодавачи се однесува на способноста на компанијата да привлекува, правилно да ангажира и задржува квалитетни вработени за да обезбеди раст и достигнување на сопствените стратешки цели во иднина. Компаниите што се признати како посакувани работодавци, побрзo и полеснo ќе најдат квалитетни кандидати, полесно ги рекламираат своите производи и обезбедуваат напредок.

Дали ви се познати следниве ситуации?

Распишавте конкурс за одредена позиција и кога ќе заврши, откривате дека кандидатите кои аплицирале: а) не ги исполнуваат вашите критериуми; б) голем број луѓе аплицираат, но вие не сте задоволни од квалитетот на апликациите; в) мал број на луѓе се пријавиле, така да немате одлична можност да изберете дури и за првиот круг.

Што може да ги предизвика овие ситуации?

а) Лошо или погрешно изградено реноме за вашата компанија или дури и недостаток на истото; б) Конкуренцијата прави голема работа за себе и голем број на квалитетни кандидати се пријавува и сакаат да работат таму; в) Недостаток на квалитетен персонал.

Што го прави работодавачот пожелен

Клучен поим за разбирање на брендирањето на работодавачот е понудата што компанијата му ја дава на својот вработен, наречена предлог за вредност на работодавачот (employer value proposition). Го опфаќа сето она што еден вработен го добива за возврат за својата работа и се однесува не само на пакетите за заработка и бенефиции, туку и со многу поширок спектар на фактори, вклучително и организациска култура, квалитет на управување, можности за развој на кариера, патека за развој на компанијата.

Важно е да се изгради, но и да се комуницира вашиот бренд на посакуван работодавец

Добрите резултати доаѓаат од синергијата на различни сектори – од врвното управување, преку секторот за човечки ресурси, маркетингот и ПР. Според истражувањето спроведено на LinkedIn, најефикасните канали на комуникација за најпосакуваниот бренд на работодавачи се: веб-страници на компанијата, социјални мрежи, влијателни места за вработување, професионални мрежи.
Покрај ова, постојат и комуникациски канали, за чијашто важност компаниите често не се ни свесни, а испраќаат недвосмислена порака за квалитетот и зрелоста на организациската култура.

Начинот на кој компанијата објавува оглас за работа, комуницира со кандидатите при повик на интервју и за време на интервју, но исто така испраќа повратни информации за исходот од конкурсот, во голема мерка влијае на неговиот имиџ и углед.

Фото: Pexels