Градови со најчист воздух во светот

1140

Големата загаденост на воздухот е една од главните теми во последно време. Меѓутоа, во некои делови на светот воздухот е толку чист, што се смета за вистински мелем за белите дробови и целокупното здравје.

Хонолулу, Хаваи

Островот Хаваи генерално, а особено градот Хонолулу, важи за едно од местата со најчист воздух во САД. Експертите веруваат дека ветровите кои таму дуваат сите лоши честички ги носат кон морето.

Цирих, Швајцарија

Уште еден многу чист град којшто воведе стриктни техники за управување со отпад. Жителите најчесто се одлучуваат за возење на велосипед, а како превоз често користат возови, автобуси и подземна железница.

Аделејд, Австралија

Овој град повеќепати е прогласен за еден од најчистите во светот, но и високо рангиран на листата за најдобри места за живот.

Калгари, Канада

Своето место на листата најчисти градови го заслужи поради својот пристап во одлагање и управување со отпад. Нивната кампања “Премногу добро за да биде отпад“ значително ја намали количината на отпад.

Хелсинки, Финска

Овој град е еден од најчистите престолнини во светот. Една од главните причини е тоа што граѓаните најчесто како превозно средство го користат велосипедот. Хелсинки има повеќе од 3.800 километри велосипедски патеки.

Рејкјавик, Исланд

Градот е посветен на користење на алтернативни извори на енергија, околу 90% од градот се грее и снабдува со струја преку геотермална енергија.

Хамбург, Германија

Светски лидер во концептот “зелена енергија“. Хамбург е убав пример како овие стратегии може да придонесат во намалување на емисијата на штетни гасови. Целта им е штетните гасови до 2020 година да се намалат за 40%, а до 2050 година до 80%.

Велингтон, Нов Зеланд

Релативно малиот број жители и специфичната географска положба ја прават престолнината на Нов Зеланд со свеж воздух, а граѓаните дополнително придонесуваат за чистотата на градот.

Фото: Pexels