Северен Кипар ќе го претстави првиот домашен автомобил

173

Северен Кипар се подготвува на јавноста да ѝ го претстави прототипот на првиот модел на автомобил од домашно производство. Прототипот е резултат на години работа на Near East University и неговите тимови за истражување и развој.

Производството на прототипот е договорено откако автомобилот прв пат беше претставен во 2016 година, а првиот модел Günsel В9 ќе ѝ биде претставен на јавноста за неколку дена.

Автомобилот ќе користи технологија на електричен погон, а целта е за осум секунди да постигне забрзување од 0 до 100 километри. Ќе има електричен мотор од 120 (kW).

Во процесот на производство ќе бидат вклучени 800 компании од 28 земји.

Сериското производство ќе почне во 2021 година, а намерата е во првата фаза да бидат произведени 2.000 автомобили. Капацитетот од 2025 година ќе биде зголемен на 20.000 возила годишно.

Фото: Facebook