Што е забрането во овие туристички места

144

Секое место на светот има свои правила, но има и такви туристи што ги кршат насекаде и чие однесување негативно влијае дури и на сопатниците.

Каде и да патувате, бидете правилно облечени, покријте ги колената и рамената.

Никогаш не сликајте никого без претходно да ги прашате. Во некои земји има строги закони за овој чин, а на пример во Обединетите Арапски Емирати, се смета за повреда на приватноста. Фотографирањето на група луѓе кои влегуваат во кадар додека фотографирате нешто друго, не треба да е проблем, но за секој случај, прашајте водич.

Не се расправајте со локалното население за политика, културни разлики или историја.

Сите овие правила постојат за да помогнат во зачувување на културните и историските знаменитости.

Бидејќи правилата се веќе таму за да ве заштититат и вас, тогаш пред да се запрашате што е дозволено, а што не, обрнете внимание на однесувањето на постојаните жители. Ако никој од нив не седи на скалите, не пие и пее гласно или не се капе во барокна фонтана, тогаш не треба ни вие.

Во Рим, забранетo e скокање или пливање во фонтаните, забрането е да се јаде хранa во близина на знаменитостите. Не е дозволено да ги влечете куферите со тркала по скалите што припаѓаат на некое обележје. И од минатата година, има забрана за пиење алкохол на улица и седење на познатите шпански скали.

Освен Рим и во Венеција постојат правила како што се забрана за задржување на мостови и капење во каналите. Дубровник воведе и правила на однесување, така што се очекува туристите секогаш да бидат соодветно облечени и да не се собираат на места каде е забрането консумирање алкохол.

И во јапонскиот град Кјото имаат проблем со туристите кои сè забележуваат со мобилен телефон, а проблем е што некои туристи легнуваат на патот за да направат совршена фотографија. Постојат и забрани за вознемирување на гејши.

Во Холандија, поточно Амстердам, тие имаат проблем со третирање на сексуалните работници како да се туристичка атракција. Затоа во 2019 година е донесена одлука да се забранат организираните посети на Црвениот кварт.

Она што треба да го стори туристичката индустрија е да ги подготви гостите пред да отпатуваат да се информираат повеќе за дестинациите кои ги посетуваат. 

Фото: Pixabay