Зошто е добро да бидете ранобудник

403

Во која група вие припаѓате? Ранобудници или “ноќни птици”? Ако припаѓате на првата група имате среќа, затоа што научниците донесоа заклучок.

Истражувањето покажало значителни разлики во мозочните функции за време на работниот ден кај овие два типа на луѓе.

Научниците дневно помеѓу 8 и 20 часот го снимале мозокот на “ноќните птици”, т.е. луѓе кои легнуваат доцна навечер и стануваат доцна. А потоа го набљудувале и мозокот на ранобудницие кои легнуваат пред 23 часот, а стануваат околу 6:30 часот.

Утврдиле дека “ноќните птици” имаат побавни реакции, слаба концентрација и изразена поспаност.

Научниците во истражувањето опфатиле 38 лица и ги снимале нивните мозочни функции во мирување со помош на магнетна резонанца.

Учесниците во истражувањето во време од 8 до 20 часот извршувале низа задачи, а покажувале и поспаност.

Ранобудниците биле најмалку поспани и најбрзо делувале на задачите кои ги добиле во утринските часови, во однос на оние кои доцна легнуваат.

Фото: Pixabay