Осигурувањето ЦМР е специјално креирано за осигуреници кои се занимаваат со извршување на транспорт, со обезбедени оптимални покритија од ризици и суми на осигурување кои одговараат на потребите и можностите на транспортерите. Со овој тип осигурување е осигурена одговорноста на превозникот за примената стока за превоз во патен сообраќај.
ЦМР осигурувањето може да биде според намената – за превозникот и за организаторот на транспорт. Ризиците од кои штити ова осигурување се според одговорноста на осигуреникот и се утврдува според одредбите на Условите за осигурување на одговорноста на превозниците во друмскиот сообраќај во домашен и меѓународен транспорт – ЦМР, како и според :
- Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај
- Законот за облигациони односи
- Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки (ЦМР Конвенција)
Како се пријавува штета
Најпрво осигуреникот е должен во случај на штета да ги преземе следните дејствија:
- Веднаш, а најдоцна во рок од три дена, на најбрз можен начин (телефон, телефакс, е-mail) да го извести осигурувачот за штетниот настан и истото писмено да го потврди
- Видливите оштетувања да ги констатира веднаш со записник при приемот на пратката во при отсуство на превозник и осигурувач и по потреба да ангажира стручни лица од други организации, судски вештаци или контролни куќи
- Оштетените предмети да ги смести во соодветни простории во зависност од пратката, а ако се работи за лесно расиплива стока веднаш да организира продажба во согласност со осигурувачот
- Да преземе мерки за смалување на штетата и да го зачува регресното право на осигурувачот спрема одговорни тепричинители на штетата
- Да ги преземе оштетените предмети
- Да ги почитува упатствата на осигурувачот
- Да дава ажурни и точни податоци за остварениот промет што е предмет на осигурување.
Кои документи се потребни за пријава на штетата
Доколку превозот се врши со сопствени возила:
- Барање за надомест на штета
- Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
- Испратница (фактура) којашто се однесува на стоката што била предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
- М1 и М2 (копија) од возачот на возилото за докажување дека истиот е уредно вработен кај осигуреникот
- Сообраќајна дозвола (копија) од возилото за докажување дека возилото е во сопственост на осигуреникот кое исто така мора да биде означено дека се користи за превоз за сопствени потреби
- Уредно пополнет патен налог
- Записник за штета
- Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообраќајна незгода и кражба.
Доколку превозот се врши со превозник со лиценца за домашен јавен превоз на стоки:
- Барање за надомест на штета
- Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
- Испратница (фактура) којашто се однесува на стоката што била предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
- Извод од лиценца (копија) на превозникот
- Уредно пополнет патен налог
- Домашен товарен лист
- Записник за штета
- Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообраќајна незгода и кражба.
Фото: Pexels