Најдобриот кошаркар на сите времиња и најбогатиот спортист во светот, Мајкл Џордан ја отвори душата и направи голем гест во хуманитарни цели со отварање на втората болница којашто ќе им помага на луѓето кои не можат да си дозволат преглед и здравствени услуги.
Џордан издвои седум милиони долари за отворање на втората медицинска установа, откако даде ветување дека во рок од две години ќе отвори два здравствени центри за оние од најзагрозените социјални категории.
Местото каде ја изгради втората болница е градот Шарлот, каде што се родил и каде што израснал. Изградена е токму во делот каде што живеат граѓани со социјални примања и ќе им помага на социјалните категории граѓани кои немаат здравствено осигурување.
Здравствената установа е изградена според сите стандарди со 12 приемни диспанзери, рендген сала и медицински дел за физикална терапија.
Фото: Facebook