Ревија на Армани без публика

Италијанскиот моден дизајнер, Џорџо Армани реши да ја одржи својата модна ревија, во рамки на Миланската модна недела, зад затворени врати.

На официјалниот Twitter профил на Армани се наведува дека женската ревија ќе се одржи зад затворени врати, како превентивна мерка што ја донел самиот Армани, а е во насока на поддршка на националните напори да се заштити јавното здравје.

По таквата одлука, ревијата се одржа без присуство на публика, а беше снимена и прикажува во живо на официјалната интернет страница на Армани.

Фото: Facebook