Си заминува првиот човек на Disney

91

Главниот извршен директор на Disney, Боб Игер, ја напушта челната позиција во оваа компанија, пишува ВВС.

Под водство на Игер, медиумската компанија направи неколку важни аквизиции. Сега на негово место доаѓа Боб Лапек, кој претходно беше задолжен за одделот за продукција.

Игер останува на лидерската фотелја на Disney до крајот на годината за да го насочи работење на новиот директор. Неговиот потег за повлекување, како што се наведува, било изненадување за многумина во индустријата.

Инаку, Игер важи за еден од најмоќните луѓе во Холивуд, на местото главен извршен директор на Disney е од 2005 година. Тој и претходно најавувал планови за пензионирање само да го најави своето заминување.

“Верувам дека ова е оптимално време за премин на новиот извршен директор. Најмногу доверба имам во Боб и се радуваш што со него ќе имам блиска соработка во следните 22 месеци, додека целосно не ја преземе функцијата… Боб ќе биде седмиот извршен директор во скоро 100-годишната историјата на Disney и се покажа како доста стручен за да ја води компанијата во следниот период“, вели Игер.

Акциите на компанијата забележаа пад од 2%, откако беше објавена оваа информација.

Пазарната вредност на Disney во текот на водењето на Игер беше зголемена за околу пет пати, достигнувајќи ја актуелната вредност од 230 милијарди долари.

Фото: Twitter