Што треба да знаеш, ако сакаш твојот старт – ап да успее?

116

Долги години се анализира што им е заедничко на основачите на старт – ап кои успеале да направат глобален успех и на основа на тоа да се извлечат некои правила или единствена формула за тоа какви особини и знаење треба да се поседуваат, пишува Startit.rs.

За да успеете со својот старт – ап не треба да бидете експерт за стартапи, туку да бидете експерт за своите корисници и проблемот за којшто нудите решение. Марк Цукерберг не бил експерт за стартапи. И покрај тоа што бил почетник во бизнисот, сепак успеал бидејќи ги разбирал потребите на своите корисници.

Јасно е дека знаењето за потребите на корисниците не може да се најде во некоја книга, туку мора да се открие преку директен контакт со нив. Секако, и за учење за потребите на корисниците постојат различни методи и корисна литература, сепак до крајниот резултат треба сами да дојдете.

Поврзаноста на различни “актери“ во еко системот не е важна само да се создадат прилики за сè, туку и затоа што на тој начин се забрзува размената на знаење. Во еко системот на основачот на стартапот сигурно постои барем еден тим или една личност коишто поминале низ исти или слични предизвици со коишто сега се соочува тој, па би му помогнале полесно и побрзо да дојде до своето решение. Еко системот е богат со експерти во различни области кои имаат знаење и искуство што не може да се најде или прочита на друго место.

Фото: Pexels