Бензините поевтинуваат за три, дизелот за 2,50 денари

117

Горивата од полноќ поевтинуваат за 2,50, односно за три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поевтинуваат за три денари, па така новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 64 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе чини 66 денари. Еден литар Еуродизел (Д-Е V) поевтинува за 2,50 денари и ќе се продава за 56 денари за литар. За исто толку поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 45 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,175 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 30,390 ден/кг.

Фото: Pixabay