Од манекенка до милионерка – од модна писта до богатство од над 90 милиони долари

372

Хајди Клум е родена на први јуни 1973 година во Германија. Нејзината мајка била фризерка, а татко ѝ бил директор во козметичка компанија. Таа со манекенство почна да се занимава од 18 години, откако победила на избор во нејзината родна земја. Од вкупно 25.000 девојки, Клум била избрана за победничка на 29-ти април 1992 година. Тогаш добила договор од 300.000 долари од Томас Цемер, кој бил главен извршен директор на Metropolitan Models New York.

Клум никогаш претходно немала желба да стане манекенка, туку сон ѝ било да стане дизајнерка.

Нејзиното лице беше на насловните на француски, германски, португалски и шпански Vogue, потоа на магазините Elle, InStyle, Marie Claire, Glamour, Harper’s Bazzar. Стана препознатлива по тоа што беше “ангел“ на Victoria’s Secret.

Денес, Клум е далеку од модните писти, но е активна на многу полиња и важи за успешна бизнисменка. Еден од нејзините успешни проекти што ѝ донесе добра заработка е Project Runway, а беше и судија во шоуто America’s Got Talent.

Четириесет и седумгодишната Клум, која е мајка на четири деца, добро “плови“ и во актерските води. Првата улога ја добила во 1998 година во The Larry Sanders, по што следуваат повеќе серии: Blow Dry, Sex and the City, How I Met Your Mother и други.

Клум, исто така, заработува и како продуцент на шоуто Project Runway, како и Seriously funny kids.

Поранешната манекенка, исто така, е заштитно лице на повеќе брендови, меѓу кои се: Dannon, H&M, Hillside Candy, Mattel. McDonald’s и Volkswagen.

Богатството на Клум се проценува на 90 милиони долари, а се верува дека годишно заработува по околу 19 милиони долари.

Фото: Heidiklum.de