Кинеската управа за човечки ресурси призна 16 нови професии за да биде во чекор со економскиот и технолошкиот развој.
Новите професии, главно во развојните стопански дејности и услужните сектори, вклучуваат: техничари за паметно производство, индустриски интернет – техничари, техничари за виртуелна реалност, менаџери на ланци за снабдување, тренери за вештачка интелигенција, менаџери за медиуми, респираторни терапевти, се вели во соопштението на Министерството за човечки ресурси и социјално осигурување.
Создавањето нови работни места може да го зајакне развојот на сродните индустрии, да го зголеми вработувањето и да го зајакне стручното образование и обука, се вели во соопштението.
Ова е втор пат Кина да додаде нови професии на својата листа. Првите 13 нови занимања Кина ги објави во април 2019 година.
Фото: Pixabay