Банкоосигурувањето како иновативно партнерство помеѓу банките и осигурителните компании е сè повеќе застапено во Македонија. Во една од нашите статии пишувавме и на оваа тема, за заинтересираноста на банките за заедничка соработка со осигурителните друштва.
Кроациа осигурување во своето портфолио на работење оваа пракса ја гради веќе со години, додека УНИ Банка го проширува портфолиото и на своите клиенти ќе им понуди низа придобивки.
“Горди сме на воспоставеното партнерство помеѓу Кроациа и УНИ Банка, почнуваме соработка на полето банкоосигурување со којашто ќе можеме во целост да ги задоволиме барањата на клиентите од секаков тип. Ваквите партнерства се важни за банките и осигурителните компании од многу аспекти. Со поврзување на банкарските и осигурителните услуги, се овозможува сеопфатна понуда за клиентите на едно место да ги добијат сите финансиски услуги. УНИ Банка го проширува портфолиото и на своите клиенти ќе им понуди низа придобивки, кои пред сѐ се насочени кон обезбедување на дополнителна финансиска заштита на личните и семејните финансии, а Кроациа Oсигурување добива можност своите квалитетни производи да ги доближи до граѓаните“, информираат од двете компании.
Двете компании и во иднина ќе продолжат бидат посветени на развој и следење на светските трендови и ќе продолжат да работат на развој на целокупната понуда во сегментот на банкоосигурувањето.
Фото: Pexels