Компанијата Colgate ја лансираше новата, иновативна паста за заби наречена Smile for Good, којашто содржи минимален број на состојки и која прва од Colgate пастите за заби, на самото пакување ги прикажува состојките и јасно ја објаснува нивната намена. Пастата за заби е спакувана во Colgate рециклирачка пластична туба.
Постои голема конфузија околу состојките кои ги сочинуваат пастите за заби како и нивната функција. Со речиси три четвртини (74%) од потрошувачите, кои сè повеќе се интересираат за влијанието коешто производите го имаат врз планетата и врз нивното здравје, пастата за заби Smile for Good поставува нов преседан, објаснувајќи ја функцијата на секоја состојка на едноставен и разбирлив начин.
Компонентите кои се составен дел од пастата за заби се 99,7% природни и се одбрани со цел да ја направат пастата за заби оптимална за одредени придобивки. Во моментов се достапни две формули – Smile for Good Protection и Smile for Good Whitening, која содржи сода бикарбона – позната по својствата за белеење.
Дополнително, ограничената листа на состојки не вклучува SLS, TiO2 или сахарин, а производот е прифатен и сертифициран од страна на Vegan Society, FSC и EcoCert, што значи дека формулата е внимателно и одговорно направена и повеќето компоненти се добиени од природни извори.
Прва Colgate туба која се рециклира
Речиси две третини од луѓето не се свесни дека тубата од пастата за заби не може да се рециклира. Повеќето од овие туби се направени од слоеви пластичен ламинат – најчесто, комбинација од различни пластики измеѓу кои се наоѓа тенок слој алуминиум. Како резултат на мешавината од материјали, тубата не може да се рециклира со користење на конвенционални методи. Smile for Good го менува ова, користејќи полиетилен со висока густина (High Density Polyethylene – HDPE), пластика што се користи за производство на најразлични пакувања, како пластични шишиња, кои веќе на големо се рециклираат.
Постоеше мислење дека HDPE е премногу цврст за изработка на туба од која може да се истисне паста за заби, но инженерите од Colgate открија како да комбинираат различни количини од ламинатот HDPE во туба која ги исполнува стандардите за рециклирање и е лесна за користење, истовремено заштитувајќи го производот и држејќи се до барањата за голема брзина на производство. Тубата за паста за заби неодамна доби признание од Здружението на пластични рециклирачи – “APR“ и иницијативата која работи на подобрување на можноста за рециклирање на пакувањето – RecyClass, кои поставуваат стандарди за рециклирање во Северна Америка и Европа. Colgate заедно со партнерите одговорни за пакување и рециклирање, се вклучија во процесот на градење свест и прифаќање на тубата како производ кој е “подготвен за рециклирање“.
Зголемувајќи ги тековните напори да се помогне на луѓето да направат мали, одржливи промени кон подобро, вклучувајќи го и лансирањето на четката за заби од бамбус и јаглен Colgate Charcoal Bamboo и пастата за заби Smile for Good, Colgate го подобрува профилот на одржливост на своите производи за да помогне во остварувањето на целта – до 2025 година 100% пакувања кои се рециклираат.
Годишно, ширум светот се трошат околу 20 милијарди туби паста за заби и токму затоа Colgate ја споделува својата иновативна технологија со конкурентите, како дел од својата заложба за трансформација на една од најкористените форми на пластично пакување кое до сега не можеше да се рециклира.
“Целта на компанијата Colgate е да ја направи тубата наменета за паста за заби дел од циркуларната економија, правејќи ја продуктивна пластиката која се користи за производство и елиминирајќи го отпадот. Ако можеме да ги стандардизираме рециклирачките туби кај сите компании, заедно ќе победиме. Сакаме сите туби за пасти за заби – и финално, сите видови туби – да ги исполнуваат истите стандарди за рециклирање поставени од трети независни, страни, исто како нас. Сите ние можеме да се усогласиме со овие вообичаени стандарди за туби, а сепак да се натпреваруваме со она што е внатре во нив“, изјави Ноел Валас, Извршен директор и Претседател на Colgate – Palmolive.
Валс додаде и дека одлуката за бесплатно споделување на технологијата за имплементирање на рециклирачка туба за паста за заби е целосно во согласност со вредностите на Компанијата и со целите за одржлив развој. Воедно, овој чекор допринесува за поддршка на постојаните напори да се реализираат целите на ООН за одржлив развој и ја поддржува Глобалната Посветеност на Економијата за Нова Пластика на Фондацијата Ellen MacArthur, чија мисија ќе го забрза преминот кон циркуларната економија.