Триглав Осигурување минатата година ја заврши со добивка од 16,2 милиони денари

58

Триглав Осигурување АД Скопје, заклучно со 31.12.2019 година, оствари нето добивка од работењето во износ од 16.211.000 денари, покажува билансот на успех.

“Нето приходите од премија за 2019 година изнесуваат 998.222.000 денари, што е намалување во однос на 2018 година за 10,7%, односно за 119.944.000 денари“, стои во Коментарот на билансот на успех.

Приходите по основ на провизии од реосигурување, како што наведува, се повисоки за 38.847.000 денари, односно за 105% во однос на 2018 година, што е резултат на растот на премијата предадена во реосигурување.

“Нето расходите за штети се во износ од 557.414.000 денари и споредено со претходната година тоа претставува намалување на 9,6% или за 59.472.000 денари во апсолутен износ. Падот се должи на пониската ликвидација на штети, како и на поголемо учество на реосигурувачот во ликвидираните штети што произлегуваат од новиот QS договор. Оваа разлика е делумна неутрализирана со резервациите за штети“, стои подолу во Коментарот.

Фото: Pexels