Кои земји во светот се отпорни на светската економска криза?

59

Финансискиот крах во 2008 го осетија сите земји во светот, но постојат и држави кои успеаја да профитираат од кризата.

Растот на Кина и Индија веќе одамна е клише и се заборава на другите земји од светот кои успееја да и пркосат на светската економска криза или на оние кои со помош на истата успееја да се наметнат како играчи на глобалната сцена кои ќе бидат двигател на светската економија во наредениот период.

Јужна Кореjа

Акцентот на иновациите, политиката на држење на националната валата на ниско ниво со цел да се поттикне извозот им помогнаа на јужнокорејските индустриски гиганти Самсунг, Киa и Хјундаи да зграбат голем дел од глобалниот пазар.

Полска

Во текот на 2009, најтешката година од економската криза, Полска беше единствената економија во светот во која граѓаните на земјата скоро да не ја почувствуваат светската економска криза. Аналитичарите сметаат дека за полското чудо се заслужни интелигентните монетарни и фискални политики и релативно малата задолженост на земјата.

Канада

Просечниот граѓанин на Канада по прв пат е побогат од Американецот. Причина за таквата ситуација е намалувањето на владиното трошење и дефицитот во текот на 90 – те години. Според престижниот весник Економист, три од десет најудобни градови и најбрзо растечки градови во светот се наоѓаат во Канада.

Шведска

Во 2011 Шведска беше втората во рангот на брзо растечки економии во Европа. Круната константно беше во раст во однос на еврото. Шведска и понатака е ранлива поради Европската економска криза меѓутоа со помош на владиното финансирање се очекува кризата да биде по блага.

Индонезија

Граѓаните на Индонезија во светот се познати под името „самоуверените“. Осумдесет проценти од нив веруваат дека земјата има капацитет да се бори со било каква Светска економска криза и да стане глобална супер сила. Изгледа дека граѓаните се во право. Имено Индонезија успеа да го задржи растот на својата економија на преку 4,5 проценти во текот на рецесијата.

Турција

Во текот на последната деценија, Турција е со релативно мала изложеност на европската финансиска криза. Турција успеа да го зголеми за три пати својот БДП и приход по глава на жител. Моментално Турција е најголемиот производител на автомобили во светот, бидејќи на нејзина територија се наоѓаат фабриките на Хонда, Хјундаи, Рено, Тојота и Форд, како и неколку водечки фармацевтски компании.