Стресот е составен дел од животот на секој претприемач. Вработени, купувачи, добавувачи… сите се потпираат на вашиот успех и растот на вашиот бизнис.
Фокусираност
Штом сте дошле до точка да водите сопствен бизнис, тоа значи дека сте одговорни, доследни и посветени. Она што се бара од вас е да останете фокусирани на целите, пред себе да ја имате големата слика и посветено да работите во континуитет.
Не се плашете од предизвици
Не мора да ги нарекувате проблеми, нарекувајте ги предизвици. Сите оние работи што ви се испречуваат на патот кон успехот, не треба да ве враќаат на почетна точка, туку да ви даваат елан за борба. Понекогаш ќе мора да го намали темпото, да го следите ритамот на другите, но никогаш не дозволувајте да бидете исплашени.
Имајте доверба во тимот
Иако вие сте “мозокот“ на компанијата, вашите умни идеи би биле залудни ако немате луѓе покрај себе кои ќе знаат да ве поддржат, искритикуваат… со еден збор нивното срце да чука синхронизирано со вашето. Тоа значи внимателно да одберете професионалци, кои освен што ќе знаат да работат, ќе создаваат здрава средина за работа и напредок.
Не се откажувајте
Дури и кога ситуацијата изгледа безнадежно, побарајте барем една сламка за спас. Клучот на врата не е секогаш решение кога нема да успеете. Најдете сила, побарајте поддршка и помош и продолжете дури и кога е потешко. За некое време, кога ќе се навратите на тој период ќе си бидете особено горди сами на себе и на својот силен став и издржливост.
Фото: Pexels