Светот “полуде“ по софтвер за работа од дома

261

Карантин, самоизолација, голем број откажани настани и работа од дома ја зголемија побарувачката на софтверски решенија што овозможуваат видео повици, пренесува Startit.rs.

Работодавачите се обидуваат да го одржат начинот на работа слично како што би функционирало од канцеларија, но прашање е дали компании како што се Microsoft, Google и Zoom можат тоа да им го обезбедат преку бесплатни верзии на своите програми, со оглед на зголемениот број на корисници.

Од Microsoft велат дека од крајот на јануари, користењето на опциите за видео повици, онлајн состаноци и повици во Кина порасна за 500 пати, додека во Америка е забележан пораст за 50 пати.

Во Италија, апликациите како што се Hangouts и Classroom, биле најчесто преземани апликации во последните неколку недели.

Иако побарувачката се зголемува, поголемиот дел од софтверите и понатаму се бесплатни за употреба. Zoom го укина временското ограничување на видео повиците во Кина, како и во училиштата во Јапонија, Италија и Америка.

Поради епидемијата, од 12-ти март во групни разговори на Viber може да учествуваат 10 корисници, додека досега лимитот беше пет. Челниците на компанијата сакале на тој начин да им помогнат на големите семејства и компании полесно да одржуваат контакт на далечина.

Фото: Pexels