И САД се борат со коронавирусот, па во многу од сојузните држави се преземаат мерки за намалување на ширењето на оваа зараза. Тоа важи и Калифорнија, но изгледа дека сите не ги почитуваат мерките.
Фабриката Tesla, во сопственост на Илон Маск, и понатаму работи со полна пареа. Во оваа фабрика се вработени околу 10.000 луѓе.
Маск на своите вработени, како што пренесуваат странските медиуми, им испратил мејл во којшто ги информира дека тој ќе работи и дека тоа е негова лична одлука. Работниците кои имаат било какви потешкотии или не се чувствуваат добро, не мора да доаѓаат на работа. Одговорниот за човечки ресурси во неговата компанија на вработените им порачал дека автомобилскиот и енергетскиот сектор се меѓу клучните, па затоа фабриката ќе продолжи со работа без оглед на препораките на локалните власти.
Тамошните власти не се согласуваат со оваа одлука и сметаат дека вработените не би требало да работат како ништо да не се случува.
Инаку, Tesla во последните месеци забележа рекордна испорака и пред некој ден започна со финално составување на новиот Model Y, што е лош момент за затворање на фабриката.
Фото: Pexels