Миењето раце спасува живот

160

УНИЦЕФ направи видео илустрација за тоа како правилно се мијат рацете. Ова е особено важно сега кога владее пандемија на коронавирус што се шири преку слуз или капки што го содржат вирусот, а навлегуваат преку очите, носот или грлото.

Правилното миење раце, што трае 20 секунди, се одвива во пет чекори:

  1. Натопете ги рацете со млаз вода
  2. Насапунете со доволно сапуница за да ги покриете влажните раце
  3. Тријте ја целата кожа на рацете – заедно со дланките, меѓу прстите и под ноктите, барем 20 секунди
  4. Темелно исплакнете ги со млаз вода
  5. Исушете ги рацете со чиста крпа или со хартија за една употреба

Погледнете го видеото, што е своевиден водич за најмалите:

Фото: Pixabay