Шестгодишната АгБиз програма од проектот на УСАИД за агробизнис во Македонија денес напладне во Куршумли ан свечено ќе биде затворена.
Програмата имаше за цел да се зголеми економскиот раст на Македонија преку проширено и еколошки одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност и оспособување на производителите и преработувачите да се конкурентни на регионално и глобално ниво.
“Преку поддршката на земјоделството и агробизнисот во македонската економија, АгБиз успеа да влијае на зголемувањето на приходите на сите учесници во селектираните вредносни синџири преку зголемување на продажбата, подобар пристап до финансии и подобрување на продуктивноста и севкупната деловна клима во земјоделството”, соопшти УСАИД.
На свеченоста ќе зборува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.