Она што започна како здравствена криза брзо стана економска криза. Илјадници луѓе ширум светот ги загубија своите работни места во последните неколку недели, а илјадници нови работни места се изложени на ризик поради ширењето на коронавирусот. Најлошото е што не знаете колку долго ќе трае ова. Со оглед на целата оваа неизвесност, сите ние треба да направиме некои финансиски промени за да обезбедиме буџет за да можеме да преживееме наредните неколку месеци. Многу влади зборуваат за финансиска помош, но има чекори што можете да ги преземете сега за да ја зголемите финансиската сигурност во текот на следните недели.
Создадете фонд за црни денови
Оние без фонд “црни денови“ кои сè уште работат треба да започнат со заштеда на секој денар, во случај нивната компанија да биде принудена да се затвори поради пандемија. Типично упатство е да имате доволно пари во ваши раце за да ги покриете трошоците за живот најмалку три месеци, но во сегашната клима, планирајте заштеда и за шест месеци. Заштеда во овој момент може да не биде толку тешко како што би било во други околности. Ресторани, спортски објекти, кина и скоро сите други форми на групна забава се затворени, така што нема многу да трошите пари сега. Но, ако ги канализирате парите што обично ги трошите за забава во дополнителна храна и средства за чистење, можеби сè уште немате многу резервни пари.
Проверете ги политиките на вашата банка и размислете да ги искористите сите програми за поддршка што ги нудат.
“Скоцкајте“ буџет
Намалете го вашиот буџет за следните неколку месеци. Се разбира, сепак ќе мора да плаќате за храна, домување, осигурување, комунални услуги и евентуален превоз до и од работа, ако не работите од дома. Можеби исто така сакате да обезбедите дополнителни услуги (како дополнителни тв канали), за да си дозволите забава додека сте дома следните неколку недели. Но, ако во прилог на ова има дополнителни трошоци во вашиот вообичаен буџет, размислете да ги намалите додека животот не се врати во нормала.
Размислете за кредит за рефинансирање
Рефинансирање на заем на долг рок може да ви заштеди пари и може да ја намали вашата исплата на краток рок, особено ако го продолжите рокот на заемот. Ова исто така може да помогне вашите месечни сметки полесно да ги платите на време во оваа криза. Се разбира, рефинансирање на заем носи нови трошоци за затворање, така што може да не заштеди пари во секоја ситуација. Добро консултирајте се со економисти.
Сите ние сè уште се обидуваме да сфатиме како да постапиме во тековната ситуација и како ќе заврши ова поглавје од нашите животи. Најдоброто што можеме да го направиме сега е да се обидеме да се подготвиме за тоа, инвестирајќи ги нашите финансии најдобро што можеме.
Фото:Pixabay