Уште едно намалување на цените на горивата

214

Горивата од полноќ поевтинуваат од три до пет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за пет денари и неговата нова цена ќе биде 49,50 денари за еден литар. За 4,5 денари поевтинува бензинот Еуросупер БС – 98 и ќе чини 52 денари за литар, додека цената на дизелот Еуродизел (Д-Е V) се намалува за три денари и ќе се продава по 45,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 34,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,195 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 18,738 ден/кг.

Фото: Pixabay