Извозот на свежо овошје и зеленчук од Турција, во период од први јануари до 19-ти март оваа година, достигна ниво од 581 милион долари, пренесуваат тамошните медиуми.
Извозот во првите три месеци од минатата година изнесуваше 455 милиони долари.
Иако извозот кај некои сектори, како што се наведува, бележи пад поради ширење на коронавирусот, сепак тоа не е случај со извозот на овошје и зеленчук. Околу 858.000 тони овошје и зеленчук се извезени лани, во период од први јануари до 19-ти март, а истиот период оваа година, извозот надминува 956.000 тони.
Овошјето и зеленчукот произведени во Турција се извезуваат во 85 земји во светот, меѓу кои Русија е најголем увозник. Потоа следуваат: Романија, Украина, Ирак, Германија, Бугарија, Полска, Србија, Грузија и Саудиска Арабија.
Фото: Pixabay