Се бара решение – Маршалов план за обнова на Европа?

427

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара да се смисли програма како познатиот Маршалов план за обнова на Европа, којшто би се финансирал со емитување на своевидна корона – обврзница. Сегашната одлука на Европската централна банка да откупи обврзници во вредност од 750 милијарди евра, не е доволна, пишува Вечерњи лист.

“Ова е криза што ја зафаќа цела територија на Европската унија и ние треба да го артикулираме големиот Маршалов план за обнова. Вложуваме огромен фискален напор, но важно е тоа да не биде само на национално ниво “, вели шпанскиот премиер, додавајќи дека на ум има паневропски обврзници, кои земјите-членки би ги издавале со здружени сили.

Министрите за финансии на ЕУ во понеделникот одржаа видео конференција, чиј домаќин беше нивниот хрватски колега, Здравко Мариќ, но вчера не се очекуваше договор за пан-европски обврзници, туку само за олеснување на принципите утврдени во Пактот за стабилност и раст.

И ова е “огромен чекор“ само по себе, затоа што за прв пат  земјите на ЕУ имаат можност да отстапат од правилата за дефицит и јавен долг: можат да потрошат онолку колку што сакаат.

Шефот на Еврогрупата Паоло Џентилони, кој е претседател на група министри за финансии на еврозоната, најавува дека договорот за ново фискално оружје за борба против вирусот може да биде готов до четврток, кога ќе се одржи видео конференција од страна на премиерите и претседателите на 27 земји.

Шпанската влада минатата недела објави пакет-мерки од 200 милијарди долари за санирање на економските последици од коронавирусот.

Фото:Pexels