Порталот Howmuch.net направи анализа според којашто се одвоени пет производи што најмногу се увезуваат и оние пет што најмногу се извезувале од САД во текот на минатата година.
За увоз на машини, вклучувајќи и компјутери, САД минатата година потроши 379 милијарди долари, што е 14,76% од вкупниот увоз. Меѓу петте најувезувани производи се и: електрични машини (352 милијарди долари), возила (310 милијарди долари), минерални горива (210 милијарди долари) и фармацевтски производи (128 милијарди долари).
Кога станува збор за извоз, САД од продажба на машини, вклучувајќи и компјутери, лани инкасираше 205 милијарди долари. Потоа следуваат: минерални горива (199 милијарди долари), електрични машини (173 милијарди долари), летала (136 милијарди долар) и возила (133 милијарди долари).
Фото: Pixabay