Зошто расте цената на сокот од портокал?

157

“Идната“ цена на сокот од портокал порасна за 20% овој месец бидејќи се зголемува бројот на лица кои купуваат здрави продукти додека трае пандемијата од коронавирусот, пишува ВВС.

Додека побарувачката расте, испораката се соочува со проблем бидејќи производителите не можат да ги транспортираат своите производи поради рестрикции за транспорт.

Затоа се нарекува и “идна“ цена на сокот од портокал поради тоа што во себе ги содржи и зголемените трошоци за транспорт.

“Избивањето на Ковид – 9 ја зголеми побарувачката на сок од портокал. Сите продукти што го зајакнуваат имунолошкиот систем стануваат побарани, додека во исто време нема доволно простор за транспорт на овие продукти до продавниците“, вели Стефен Инес, маркетинг стратег во компанијата AxiCorp.

Од страната на производителите, пак, се јавува друг проблем. Нема доволно работници поради воведените мерки, како што е држење на таканаречена социјална дистанца.

Идната цена на сокот од портокал достигна највисоко ниво од октомври 2015-та година, кога ги зафати криза глобалните берзи.

Фото: Pixabay