Зошто директори се откажуваат од плата за време на криза?

302

Коронавирусот во последните неколку дена зема голема замав, што ги принуди компаниите да преземат драстични мерки за намалување на трошоците. Меѓу некои од мерките што ги преземаат големите корпорации за да ги ублажат последиците од пандемијата е намалување на платите на главните извршни директори и другите менаџери на највисоко ниво, пишува CNN.

Самото намалување на платата на извршните директори најверојатно нема да има значајно да придонесе за поголема ликвидност на компанијата, но испраќа силна порака.

“Во сето тоа има симболика. Кога се наоѓаме во криза, како што е оваа сега, кога доаѓа тешко време за економијата, за работниците, луѓето остануваат без работа и не знаат што да очекуваат, време е да истапат главните извршни директори и да кажат: Ние се откажуваме до нашата плата. Тоа е сигнал дека тие ја споделуваат истата ситуација со своите вработени“, вели Ајтеј Голдстеин, професор по финансии на Универзитет во Пенсилванија.

Авио и туристичките компании, чија дејност е меѓу најсилно погодените од корона кризата, беа меѓу првите каде што беше преземен овој чекор. Па така, од Marriott што е најголем синџир на хотели во светот информираат дека нивниот главен извршен директор, Арне Соренсон, нема да добива плата до крајот на годината, а на останатите членови од највисокиот менаџмент ќе им бидат скратени платите за 50%.

“Големите корпорации, чии главни извршни директори земаат милионски плати, тие суми стануваат беззначајни кога е во прашање одржување на ликвидност на компанија што претходно генерирала огромни приходи“, смета Голдстејн.

Многу компании во услови на криза преземаат и други мерки, како што е промена на распоредот на работа и намалување на непотребните капитални трошоци.

Фото: Pixabay