Овие производи се продаваат како “алва“ додека трае пандемијата

154

Иако постојат дејности коишто бележат загуби поради пандемијата со коронавирусот, сепак има некои трговци кои бележат раст на продажбата.

“Зафатени сме како да е Божик. Имаме двојно зголемување на продажбата“, вели сопственик на онлајн кафуле за BBC.

Меѓу бизнисите коишто доживуваат вистински бум во последно време се:

Статични велосипеди и опрема за вежбање

“Мислам дека продажбата низ Велика Британија, индустријата бележи пораст од околу 15%“, вели Вил Батлер Адамс, извршен директор на компанијата за статични велосипеди.

Луѓето кои немаат услови да вежбаат и тренираат надвор, статичните велосипеди и опремата за вежбање бележат голем раст на продажбата.

Игри за на отворено и за дома

“Досега продадов 124 табли за пинг понг последната недела. Истата недела лани, продадов само 15“, вели Енди Берсфорд, сопственик на компанија за игри.

Производи за домот и градината

Фил Џонс има компанијата што произведува најразлични видови на семиња за растенија, вели дека не може да престане да продава семиња за различни зеленчуци, како што се моркови, марули, грав и домати.

Електронски уреди

Супермаркетите во Велика Британија забележаа продажба на продукти од над милијарда британски фунти. Меѓутоа сите тие намирници мора негде да се чуваат. Како резултат на тоа, расте продажбата на фрижидери и замрзнувачи.

Поради тоа што расте бројот на луѓе кои работат од дома, расте побарувачката за лаптоп компјутери и канцелариска опрема.

Фото: Pixabay