Американската компанија Tesla соопшти дека испорачале околу 88.400 автомобили во првото тримесечје од 2020 година. Акциите на Tesla по оваа информација пораснаа за повеќе од 10%.
Аналитичарите очекуваа да бидат испорачани околу 79.900 автомобили, покажа студијата на FactSet.
Според моделите, Tesla пријавила испорака на 76.200 Model 3 и Cross Y SUVs Model Y и испорака на 12.200 постари и поскапи модели S и X.
Двете бројки ги надминаа проценките. Аналитичарите очекуваа испорака на 68.674 возила Model 3 и Model Y и испораки на 11.234 возила Model S и X.
Проценките ја зедоа предвид пандемијата Ковид-19, што предизвика Tesla да престане со производство на нови автомобили во својата главна фабрика за автомобили во Калифорнија, а исто така го стопираше производството во Шангај во јануари и февруари.
Фото: Facebook