Извршниот директор на Apple, Тим Кук објави на Тwitter дека компанијата одлучила да произведува и дистрибуира заштитни визири за медицински лица.
Како што пренесува The Verge, Apple собрала дизајнери за производот, инженери и тимови за пакување и дистрибуција.
Apple исто така собра повеќе од 20 милиони заштитни маски и е во комуникација со државните влади за да ги достави таму каде што е потребно.
Apple планира да испорача повеќе од еден милион визири до крајот на оваа недела и секоја наредна по еден милион.
Фото:Facebook