Турција: Извозот на чај за три месеци порасна за над 50%

57

Турција од извоз на чај, за првите три месеци од оваа година, заработи 3,8 милиони долари. Турскиот чај во овој период е извезен во 75 земји во светот, пренесува Хуријет.

Вредноста на извозот во овој период порасна за 51% во споредба со првите три месеци лани. За тие три месеци, од Турција се извезени 1.470 тони чај.

Меѓу најголемите увозници на чај е Белгија, со 1,5 милиони долари удел во вкупниот извоз на турскиот чај.

Фото: Pixabay