Приказната за ексцентричниот екс милионер, кој 23 години живее на пуст остров

851

Дејвид Глашин е познат како австралискиот Робинзон Крусо, но и копија на Чак Ноланд, односно Том Хенкс во филмот Бродолом на животот. Глашин живее на изолиран остров повеќе од две децении.

Во почетокот на 80-тите години од минатиот век, овој Австралиец заработувал милиони и живеел луксузен живот со сопругата и двете деца во Сиднеј. Поседувал компанија за ископување злато во Папуа Нова Гвинеја. Тој го имал животот од соништата и неколку години уживал во неговата материјална сигурност. Но, во 1987-ма се соочил со голем финансиски бродолом, кратко по крахот на берзите. Се разделува со сопругата и решава да замине на пуст остров во североисточните води на Австралија.

Со еден куфер во 1997 година се преселил на ненаселениот остров Ресторатион. На располагање имал малку гардероба, неколку книги, паста за заби и четка.

Одлучил да живее хранејќи се со намирници од природата, риба, морски плодови кои сам ги лови. Собира и кокоси, бадеми, бобинки…

Го напушта островот еднаш годишно, кога со чамец оди до градот Кернс, на голем шопинг и набавува конзервирана или сушена храна и средства за лична хигиена.

Неговата приказна е позната на сите континенти, а за тоа придонесе и неговата автобиографска книга The Millionare Castaway.

Современиот Робинзон Крусо вели дека позитивните мисли се најважното нешто кај овој начин на живот.

“Морате постојано да размислувате позитивно, во спротивно ќе полудите. Ќе бидете соочени со искушенија и работите нема секогаш да одат по план“.

Тој вели дека островот му помогнал да стане подобра личност, која знае да го цени најважното во животот.

“На секој му треба исцелување во некој момент од животот, а токму тоа ми се случи мене“.

Фото:Printscreen YouTube