Дури и најмоќните економии не останаа имуни на последиците што зад себе ги остава пандемијата на коронавирусот.
Јужна Кореја најави дека очекува пад на вредноста на бруто домашниот производ за 1,4% во однос на последниот квартал од минатата година. Централните банки на Франција и Италија проектираа квартален пад на БДП за околу 5 до 6%. Очекувањата се дека американската економија би можела да забележи пад од 5 до 10%, додека кај Велика Британија тој процент може да надмине 13 на квартална основа.
Порталот Statista направи преглед и ги одвои силните економии и нивните предвидувања за пад на БДП за овој квартал, предизвикан од корона кризата.
Сингапур -10,6%
Кина -6,8%
Франција -6%
Италија -5%
Норвешка -1,9%
Јужна Кореја -1,4%.
Фото: Pixabay