Хрватите ќе прават скара за Први мај, но под одредени услови

281

Директорот на хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, соопшти дека граѓаните ќе можат да одат на скара за Први мај, но да се внимава на социјалната дистанца.

“Скарата е дозволена, но физичкото растојание треба да се почитува. Нормално можете да се дружите во семејството, но не е дозволено собирање повеќе луѓе, бидејќи одредбата од пет лица е сè уште на сила“, изјави Чапак.

Tој очекува граѓаните да се придржуваат кон сите пропишани мерки и смета дека досега покажале свесност и одговорност, поради што е постигнат и овој успех.

“Добрата епидемиолошка состојба, големи резерви во здравствениот систем… ова ни дава можност да ги попуштиме мерките за карантин воведени од пред нешто повеќе од еден месец. Одлучивме да го сториме тоа многу претпазливо и во фази“, рече Чапак.

Фото: Pixabay