Кој сака да избегне карантин ќе се тестира на аеродром за 190 евра

330

Аеродромот во Виена од денеска ќе нуди тестирање на коронавирус за да им овозможи на патниците кои пристигнуваат во Австрија да избегнат карантин кој трае 14 дена, а ќе чини 190 евра.

Патниците ќе имаат на располагање молекуларно биолошки или PCR тест на Ковид-19 на виенскиот аеродром, чијшто резултат ќе биде готов за два до три часа.

“На овој начин патувањето со авион, без оглед дали станува збор за деловен или итен пат, ќе биде  побезбедно и полесно“, се наведува во соопштението на аеродромот.

Тестот, кој чини 190 евра, ќе можат да го направат и патниците кои ја напуштаат Виена.

Патниците кои пристигнуваат на аеродромот ќе мораат да покажат лекарска потврда дека се негативни на коронавирусот, а тестот не смее да биде постар од четири дена или ќе заминат во карантин.

Виенскиот аеродром има планирани летови за Доха, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Лисабон, Минск и Софија, како и чартер летови. Забрането е слетување на авиони од подрачјата кои се сметаат дека се од голем ризик.

Фото:Pixabay