Турските серии пред пет години се продаваа во просек по 4.000 долари по епизода, а сега достигаат неверојатни 150.000 долари по епизода, пишува The Wall Street Journal.
Според податоците на турското министерство за култура и туризам, од 2008 година извозот на ТВ серии е во постојан пораст, а минатата година од продажба на сапуници, Турција заработила 130 милиони долари за 13.000 часови програма. Очекувањата се дека до крајот на оваа година заработката ќе порасне на 150 милиони долари.
Сериите се продаваат во преку 70 земји, а освен старите пазари како Балканот, Блискиот исток и Африка, се поголем интерес за турските приказни има во Азија, Латинска Америка и централна Европа. Мексиканците пак, ги откупуваат правата за турските серии за да можат после да снимаат свои верзии.