Експертите од Универзитетот Гент веруваат дека дошле до објаснување зошто бројот на починати од коронавирус во некои земји е поголем, а во некои помал.
Како што пишува LaLibre, научниците сметаат дека објаснувањето се крие во генетските разлики меѓу жителите.
Според нив, скандинавските земји и оние од Источна Европа се помалку погодени од пандемијата од другите земји како резултат на разликите во гените. Имено, во скандинавските земји бројот на смртни случаи е многу помал од просекот, додека во балканските земји, бројот на починати е исто така релативно мал. Од друга страна пандемијата на Ковид-19 сериозно ги погоди северна Италија, Шпанија и Соединетите Американски Држави.
Одредени генетски карактеристики влијаат на нивото на пандемијата на Kовид-19, заклучиле експертите од Гент, објаснувајќи дека откриле очигледна врска помеѓу генот ACE1 и Ковид-19.
Белгиските научници откриле дека колку повеќе жители на една земја имаат Д-полиморфизам на генот ACE1, толку помалку на тоа подрачје се забележани смртни случаи од Ковид-19.
“Колку повеќе одиме на исток во Европа, толку е почест полиморфизам на генот ACE1 D. Ова е во корелација со сериозноста на пандемијата на коронавирус, односно гледаме дека епидемијата на Kовид-19 се намалува како што се движиме од западна кон централна и источна Европа”, објасни професорот Јорис Деланже од Универзитетот Гент.
Фото:Pixabay