Горивата поскапуваат

130

Бензините и дизелот од полноќ добиваат цени повисоки за 3,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 54 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 56 денари. Еден литар дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 45,50 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапи за 2,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 33,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,026 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 18,169 ден/кг.

Фото: Pixabay