Стопанска банка со квартална добивка од 546 милиони денари

90

Стопанска банка, од први јануари до 31-ви март оваа година, работеше со добивка од 546.088.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, добивката на банката беше на ниво од 539.905.000 денари.

Нето приходите од камати изнесуваат 928.968.000 денари, додека нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 187.397.000 денари и, како што стои во Анализата на неревидираните финансиски извештаи, се намалени за 28,7% во однос на крајот од првиот квартал во 2019 година.

Фото: Pixabay