Како Томи Хилфигер го изгради брендот

856

Се чини дека Томи Хилфигер никогаш не се заморува од улогата на еден од најпознатите модни дизајнери во светот, бидејќи неговите резерви на енергија изгледаат скоро неисцрпни. Не му е доволно што е на чело на еден од најголемите светски модни и life-style брендови, Хилфигер продолжува да развива колекции со иконата од Формула 1, Луис Хамилтон и е голем поддржувач на Лондонската модна недела и Британски моден совет.

Уште поважно, тој е вистински амбасадор на својата индустрија, дизајнер кој никогаш не се става пред својот бренд и човек кој отсекогаш бил глас на разумот во индустријата што ретко е позната по сталоженост.

Како станаа тој и неговиот бренд она што се денес?

“Најголемата разлика помеѓу индустријата од пред 40 години, кога започнав и денес е огромната конкуренција. Gucci направи само неколку модели на чанти и неколку ремени. Louis Vuitton правеше само куфери. Prada создаде некои торби, но не многу друго. Ralph Lauren произведуваше вратоврски. Тоа беше сосема поинаков пазар, сосема друг свет. Сега секој создава сè, што го отежнува диференцирањето на пазарот, освен ако, се разбира, не знаете што правите.

Во средина каде има толку голема конкуренција, каде сите произведуваат сè, каде сите создаваат торби, секој произведува чевли и патики, како го одржувате интегритетот и издвојте дел од тој пазар само за себе? Мојот одговор е едноставен: Мислам дека го најдов својот пат. На почетокот, сакавме Tommy Hilfiger да биде достапен, забавен и необичен и навистина не сме се оддалечиле од тоа последните 35 години“, вели Хилфигер.

Американскиот моден свет се разликува многу откога тој започнал.
На почетокот се потпиравме само на фотографии и магазини за да го пласираме, а сега со социјалните мрежи и интернет имаме на располагање бројни можности“, додава тој.

Кога започнал се занимавал со лежерна спортска облека за американските млади момчиња, а сега се глобален life-style бренд кој е привлечен за мажи од сите возрасти, жени, деца. Неговиот бренд е застапен во 100 земји и има 2.000 продавници.

Неколку совети за добар стил од Томи Хилфигер

  1. Точната големина е клучот за постигнување на софистициран изглед.
  2. Држете се до едноставноста. Не мешајте премногу различни бои, материјали и модни додатоци.
  3. Бидете креативни. Држете се до класиката, но немојте да се плашите да додадете некој личен печат.
  4. Обрнете внимание на деталите. Тие се клучните кои ја прават разликата
  5. Добар часовник, очила за сонце, манжетни… Се тоа треба да го имате во својот дом
  6. Облекувајте се според вашиот начин на живот.
  7. Вложувајте во квалитетни материјали. Тие модни парчиња ќе ви траат подолго
  8. Трудете се да имате самодоверба. Ако не сте сигурни во тоа што го носите другите луѓе тоа ќе го забележат.

Фото: Facebook