Извозот на вотка во текот на минатата година има вредност од над две милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.
Над 20% од вкупниот извоз отпаѓа на Шведска, којашто од продажба на овој алкохолен пијалак на странски пазари заработи 449 милиони долари.
Петте најголеми извозници, освен Шведска, се и: Франција (404,3 милиони долари), Русија (161,5 милиони долари), Полска (150,6 милиони долари) и Холандија (147 милиони долари).
Од земјите во регионот, најголем извоз на вотка има Бугарија (4,9 милиони долари). Потоа следуваат: Словенија и Хрватска (со по 1,3 милиони долари), Грција (еден милион долари) и Србија (898.000 долари).
Од земјава лани е извезена вотка вредна 58.000 долари.
Фото: Pixabay