Горивата од полноќ поскапуваат од пола до 1,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за пола денар и неговата нова цена ќе биде 54,50 денари за еден литар. За еден денар поскапува бензинот Еуросупер БС – 98 и ќе се продава за 57 денари. Новата цена на нафтата Еуродизел (Д-Е V) ќе биде повисока за 1,50 денари и ќе изнесува 47 денари за литар. Исто така, за 1,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 35 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,498 ден/кг.
Фото: Pixabay